Се намалува бројот на приеми на ковид-пациенти во земјава

by Fokus

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 15 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 169 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, како што соопшти Министерството за здравство, на Интерните клиники имало еден прием. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 примени пациенти и четворица биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Поврзани новости