Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција соопшти дека на некој начин епидемијата со коронавирусот стивнува и се намалува бројот на пациенти кои се јавуваат за тестирање.
-Се намалува бројот на пациенти кои се јавуваат за тестирање, што значи дека се намалува и бројот на пациенти. Доказ за тоа е се поголемиот број слободни термини и слободните болнички кревети и намалување на бројот на кревети во болничките установи, нешто што се констатираше во сите болнички установи, поточно во нивните амбуланти посебно во последната недела, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање.
Филипче нагласи дека цело време ги следат сите индикатори, како тестирање, хоспитализации, прегледи во болниците. Сето тоа, како што рече, укажува на тоа дека на некој начин епидемијата стивнува.