Се крчка и обвинението за мерцедесот од 580.000 евра, ќе биде поднесено до крајот на месецот

by fokus

Сомнителната набавка на „мерцедесот“ од 580.000 евра ќе биде едно од обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кои ќе се најдат во судот до крајот на месецот. Истрагата за овој случај е завршена, по што деновиве ќе следува и поднесување на обвинителен акт.

Предмет се води под кодно име „Тенк“, а се сомничат две лица за злоупотреба на службената положба. Тие при набавката ја фаворизирале фирмата која го добила тендерот. Делото го извршиле помеѓу февруари и октомври 2012 година. Во период кога министерството преку кое е извршена набавката немало доволно буџетски средства за своите потреби, набавено е возило во вредност од речиси 600.000 евра.

Поврзани новости