Од вчера започна онлајн гласањето за избор на Мажи на годината 2022 година според социјални медиуми. Објавена е листата на кандидати, која била создадена според номинации од јавноста. Гласањето ќе трае до утре, среда, а победник е оној кандидат кој ќе добие најмногу допаѓања под фотографијата објавена на страницата на Официјалниот избор на мажи на годината во Македонија.
Засега, според освоените гласови, во водство е Отец Оливер Петровски, и до моментот на објава на текстот за него гласале над 4.100 лица. Зад него е Димче Каневче, активист и хуманитарец, со 1.600 гласа, Игор Џамбазов со 1.500 гласа, пијанистот Симон Трпчевски и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев со околу 1.000 гласа.
Помеѓу номинираните, кои имаат помалку од 1.000 гласа се режисерот Милчо Манчевски, кошаркарскиот репрезентативец Војдан Стојановски, фудбалерот Елиф Елмас, композиторот Дарко Димитров, актерот Александар Микиќ и други.
Изборот се одржува веќе петта година по ред, и има за цел да ги препознае и собере најуспешните мажи во Македонија, земајќи ги во предвид различните аспекти од бизнисот и животот следејќи ги нивните успеси како на личен, така и на професионален план.
Вики Клинчарова