Се избира претседател на Кривичен суд

by Fokus

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница треба да избере претседател на Основен суд Скопје 1, на што ќе претходи усвојување на конечната ранг листа за оваа функција.

Како што веќе објави „Фокус“, судијката Весна Димишкова е главниот фаворит за претседател на Основниот Суд Скопје 1.

Димишкова им судеше и на обвинетите во случајот „Детонатор“, а на долгогодишна казна затвор ја осуди и Станислава Чочоровска, обвинета за шферц на кокаин.

Покрај Димишкова, во трката за претседател на Кривичниот суд се и судиите Иван Џолев, Оља Ристова, Ивица Стефановски, Ѓоко Ристов, Верка Петковска, Осман Шабани и екс претседателот Владимир Панчевски.

Поврзани новости