Се истумба „мерцедес“ кај Кадино село, возачот тешко повреден

by fokus

Вчераутро околу 07.00 часот, на патот Кадино село – Миладиновци, се случила сообраќајна незгода, откако „мерцедес“ излетал од патот и се превртел. Возачот бил тешко повреден, велат од МВР.

„На 18.11.2018 година во 07.00 часот на локалниот пат село Кадино-село Миладиновци, скопско, патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(47) од Скопје излетало од коловозот и се превртело. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Т.Т. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости