Се испитува ефикасноста на работници кои имаат три слободни денови во неделата

by fokus

Околу 200 работници од приватна компанија во Нов Зеланд учествуваат во експеримент кој би можел да го промени начинот на работа во иднина, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Компанијата го испитува учинокот на работниците кои имаат по три слободни денови во неделата.

Истражувањето трае шест недели и може да има големо влијание врз натамошното работење.

– Работниците работат четири денови, но добиваат плата за пет. Некои од нив доаѓаат на работа по тридневниот одмор со неверојатна енергија. Тие дури почнале да трчаат, да одат на заболекар, ги поправаат автомобилите или им помагаат на своите родители. Меѓутоа, некои не сфатиле дека доколку имаат три слободни денови, останатите четири треба да бидат многу продуктивни. Тоа мора да го решиме, изјави директорката на новозеландската компанија, Кристин Бротертон.

Новозеланѓаните во просек годишно работат 1.752 часа, што е повеќе во однос на Германија, чии работници работат најмалку часови во текот на годината. Пред нив се наоѓаат Данците, Норвежаните, Холанѓаните, додека луѓето во Мексико, Јужна Кореја и Костарика работат најмногу. Сепак, најпродуктивна земја на светот е Луксембург, иако просечен работник минува само 29 часа неделно на работа.

Компанијата „Гугл“ на некои работници им овозможува целосна слобода во над 20 отсто од работното време, надевајќи се дека тоа придонесува за нови идеи и иновации.

Поврзани новости