Се чистат спомениците и Собранието обоени од Шарената револуција

by fokus

Од утринава во центарот на Скопје на терен се екипи кои ги чистат спомениците обоени од протестите на Шарена револуција, пренесе МЕТА.

Пред Законодавниот дом со помош на поставеното скеле работниците ќе ја чистат зградата обоени со шарена боја, а се средуваат и спомениците на АСНОМ и на Прометеј во паркот Жена-борец.

Ваквата генералка од страна на градските власти веројатно следи поради престојниот празник2 Август – Илинден, кога е најавено пред споменикот на АСНОМ во Жена-парк да се положи цвеќе.

Поврзани новости