Се чека одлука на судот за притворите на Василевски и Димовски

by fokus

Денеска во Кривичниот суд се одржа јавна седница на Кривичниот совет по жалбите за притворите на пратениците Сашо Василевски и Љупчо Димовски.

Сега се чека одлука на кривичниот совет дали ќе ги прифати или ќе ги отфрли жалбите. Жалбите за овие двајца пратеници стигнале последни во Судот бидејќи биле испратени по пошта, а одбраната барала јавна седница.

Василевски и Димовски заедно со уште четворица пратеници се осомничени за крвавиот четврток што се случи на 27 април во Собрание. Судот му определи притвор на Василевски, а на Димовски куќен притвор.

Поврзани новости