Се бориме за дополнителни европски пазари за земјоделски производи, вели Заев

by fokus

Министерството за земјоделството и Владата имаат развиено флексибилни политики, државата секогаш ќе биде тука за да помогне и затоа во моментов се подготвува вториот состанок во Влада за проблемите со тутунот, а службите веќе разговараат околу проблемот со оризовата арпа, истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција при увид во тековните и реализирани проекти во Осогово – Пониква.

Тој исто така најави средба на тутунарите со министерот за земјоделство, шумарство и стоманство Арјанит Хоџа во текот на денот.

Тука сме да помогнеме. Секогаш ќе помагаме. Она што мора да го сработиме заедно е да ја зголемиме конкурентноста на пазарите. Државата ќе помага, но секако тоа никогаш не треба да биде доволно затоа што самото помагање треба да има конечна цел, а тоа е зголемување на квалитетот на тоа што го произведуваме, јакнење на првите класи заради тоа што тие носат подобри цени, истакна Заев.

Тој додаде дека многу е важно и отворањето на новите пазари, како и дека тоа е битка која Владата ја води постојано и верува оти стремежот кон новите пазари на истокот ќе даде дополнителна можност за многу производи.

– Се бориме на дополнителни европски пазари, се бориме исто така и на рускиот пазар, се со цел да создадеме дополнителен натпревар, односно конкуренција за тоа кој ќе го купи земјоделското производство, а тоа само по себе ќе си донесе подобро платен производ, нагласи премиерот.

За крај, Заев порача дека Владата будно ја следи состојбата и дека ќе има интервенции околу овие состојби.

Поврзани новости