Се бара притвор за уште тројца учесници на протестите за „Монструм“ кои фрлале камења, плочки, шипки

by fokus

Скопското обвинителство до Кривичниот суд поднело предлози за определување на притвор за уште тројца учесници на протестите кои се одржаа во петокот против пресудата за случајот „Монструм“.  Тие се товарат за учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничените, од кои двајца на возраст од 29 години и еден 22-годишник, на 26 февруари учествувале на јавниот собир на граѓани во Скопје – протест за пресудата во предметот „Монструм“. Притоа тие биле дел од толпа која со заедничко дејствување сторила насилства кон полициски службеници и други присутни лица. Имено, осомничените и повеќе други лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници, соопшти Обвнителството.

Претходно скопското обвинителство бараше притвор и отвори постапка за двајца учесници во протестите кои заршија со приведени и повредени.

Поврзани новости