Се бара притвор за Груевски во шест предмети на СЈО

by fokus

Судот бара да му се одземе имунитетот на екс премиерот Никола Груевски поради шест предмети во кој е обвинет.

СЈО поднело барање за шест предмети, од кои четири се во судска постапка, а два се во фаза на обвинение. Груевски е обвинет во судските процеси „Траекторија“, „ТНТ“, „Насилство во Центар“ и „Титаник“. За сите овие предмети е побаран протвор.

Освен тоа се бара притвор и за предметот „Талир“ кој е поделен во две обвиненија, едно за нелегално финансирање на партијата, а другото за изградба на Белата палата.

Се очекува наскоро да почне седницата на Комисијата за мандатно имунитетни прашања на која ќе се расправа за одземање на пратеничкиот имунитет на Груевски, како судот би одлучил за барањата за притвор.

Поврзани новости