Се бара казна од 2000 евра за заразениот скопјанец кој викна оператори да му местат кабелска

by Fokus

Охридското обвинителство бара казна од 2 000 евра за 43-годишниот скопјанец, кој во својот стан во Охрид викнал вработени од кабелски оператор да му местат телевизија и интернет.

Обвинетиот на 13 март дошол во земјава од Австралија и заминал во станот во Охрид за да седи во изолација.

„Иако знаел дека е должен да се самоизолира, истиот ден се јавил во кабелски оператор и побарал во станот во кој престојувал да му монтираат кабелска телевизија и интернет. Притоа остварил личен контакт со тројца вработени во кабелскиот оператор, кои ги повикал и ги примил во просторијата во која престојувал, без да ги извести дека е во задолжителна самоизолација и без да носи заштитна маска и ракавици“, порачаа од охридското обвинителство.

Поврзани новости