СДСМ: Зошто има сектор за туризам и угостителство во Министерството за одбрана?

by Фокус

Која е потребата од сектор за туризам, угостителство, услуги и возен парк во рамки на Министерството за одбрана? Која е потребата и од формирање на секторот за наменско производство на воена опрема имајќи го предвид несериозниот однос на власта кон војниците и Армијата на Република Македонија, прашува СДСМ.

– Никола Груевски и Зоран Јолевски не се способни да обезбедат основни услови, униформи и чизми за војниците на АРМ ама затоа непотребно создаваат нови сектори во Министерството за одбрана. Само неодговорна, расипничка власт како на премиерот во заминување, Никола Груевски, може да формира посебна единица за туризам во рамки на одбранбен сектор, како и сектор за фиктивно наменско производство за воената индустрија – се наведува во соопштението на СДСМ.

Оттаму потсетуваат дека ова го потврдил и самиот Јолевски, а од проектот Вистината за Македонија се слушна како Гордана Јанкулоска признава дека војниците спијат на железни кревети и се покриваат со ќебиња од времето на ЈНА.

 

Поврзани новости