СДСМ: Зошто Груевски патува со бенефиции на премиер?

by fokus

Социјалдемократскиот сојуз го повика Никола Груевски да објасни како заминал на одмор во Турција и зошто на аеродромот ги избегнал сите законски процедури.

-Дали е точно дека Никола Груевски дошол до авионот со приватен автомобил по пистата за полетување, надвор од секоја процедура за безбедност на аеродромот? Дали и кој дозволил Никола Груевски и неговите телохранители, да заминат за Турција без царинска проверка иако неговите обезбедувачи биле вооружени? Што изнеле Никола Груевски и неговото обезбедување од Македонија без да бидат проверени? Што сакал да сокрие Никола Груевски на излез од Македонија? Кој го плаќа транспорот и одморот на неговите 5 телохранители во Турција? Од ВМРО-ДПМНЕ треба да им објаснат на граѓаните и за овие луксузирања на Никола Груевски кој очигледно не може да се помири со фактот дека не е премиер, реагираат од СДСМ.

Поврзани новости