СДСМ: Затворањето на Утрински весник дополнително ќе ја влоши состојбата со медиумите

by fokus

Затворањето на „Утрински весник“ дополнително ќе го намали рекордно нискиот рејтинг на Македонија по слобода на медиумите, реагираат денеска од СДСМ по најавата дека во сабота ќе излезе последниот број на Утрински весник.

-Најавеното затворање на „Утрински весник“ е уште еден доказ зошто Македонија е на дното на Балканот по медиумски слободи и зошто се неопходни демократски промени и конечна заштита на слободата и професионалното работење на новинарите и медиумите. Неспособноста на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да се соочат со своите слабости и неприфаќањето на ниту една конструктивна критика, резултираше со невидени притисоци кон медиумите, новинарите и сопствениците. Заканите, тужбите, апсењата, затворањата и насилната реторика кон одредени новинари и цели медиуми од страна на власта во заминување, ја турна Македонија на дното на Европа по медиумски слободи. Затоа Македонија и во последниот извештај на Репортери без граници е рангирана како последна на Балканот, се вели во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ порачуваат дека ударите врз професионалното новинарство и притисоците врз нив мора да завршат и овеќе никој да не помисли како оваа режимска власт во заминување да врши каков било притисок кон кој било медиум, новинар или сопственик на медиум.

 

Поврзани новости