СДСМ: Задолжувањето за поплавите е доказ за неспособноста на Владата

by fokus

Опозициската СДСМ реагираше на објавата на Владата дека за покривање на парите за обештетување на граѓаните погодени од поплавите ќе се прави нови задолжување.

-Доказ за неспособноста на оваа Влада е признанието дека за најавените 33 милиони евра за отштета дополнително планираат да земат нов кредит од меѓународни институции. И покрај тоа што пред помалку од еден месец незаконски издадоа еврообврзница од 450 милиони евра, денес самите признаа дека не се во состојба од тие средства да одвојат само 7 отсто и да ги наменат за санирање на штетите од поплавите, се вели во соопштението на СДСМ.

Опозициската партија предлага 20 милиони евра од четвртата еврообврзница, што беа наменети за бегалската криза да се пренаменат за санирање на штетите, и истовремено Владата под итно да се откаже од 15 милиони евра за Рајската градина и од 18 милиони евра за Панорамското тркало.

Поврзани новости