СДСМ: Времето на Груевски заврши!

by fokus

Социјалдемократскиот сојуз се огласи со кратко соопштение на прес-конференцијата на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, на која побара ДИК да ги објави резултатите и да ги прогласи за победници.

– ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл на изборите од граѓаните на Република Македонија кои избраа животРежимот е поразен. Времето на политичари како Никола Груевски заврши. Во Македонија промените се случуваат. Граѓаните си ја враќаат државата во свои раце“, стои во реакцијата на СДСМ.

Инаку, и ДПМНЕ и СДСМ вчера прогласија победа на изборите. Во моментов се чекаат официјалните резултати од Државната изборна комисија.

Поврзани новости