СДСМ: Враќањето на евтината тарифа нема да ја поскапи струјата

by fokus

Водејќи се од воспоставените принципи на остварување на дадените ветувања пред граѓаните, Владата предводена од СДСМ ја враќа дневната евтина тарифа на струјата што ВМРО-ДПМНЕ ја укина. Од први октовмри, секој ден од 14 до 16 часот сите граѓани ќе можат да користат електрична енергија по поевтина тарифа. Евтината тарифа ќе продолжи да важи и во периодот од 22 до 7 часот секој ден и 24 часа во недела, велат од СДСМ.

„Лажни се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека враќањето на евтината струја ќе ја покачи цената на електричната енергија. Граѓаните да бидат спокојни. Ниту во моментов, ниту во блиска иднина нема да има никакво покачување на цената на електричната енергија. Враќањето на дневната евтина тарифа на струјата ќе биде овозможено преку кратење на непродуктивните трошоци и домаќинското и одговорно работење на државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО“, велат од таму.

Со користењето на евтината дневна и викенд тарифа на струјата, додаваат, граѓаните ќе имаат можност да заштедат, ќе имаат пониски сметки за струја и ќе им остануваат повеќе пари во семејниот буџет.

„Ова е само една од низата мерки што ќе овозможат враќање на повеќе пари кај граѓаните, намалување на трошоците за живот и поголеми семејни буџети. Зборот е збор, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство продолжуваат да работат чесно, одговорно и единствено во интерес на граѓаните“, се вели во партиското соопштение“, порачуваат од партијата,

Поврзани новости