СДСМ: Во тек се сериозни разговори за стабилна Влада која брзо ќе го чекори европскиот пат

by Fokus

Од СДСМ информираат дека продолжуваат со сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат.

Воедно нагласуваат дека разговорите се во насока на пронаоѓање на одговорни кадровски решенија кои, како што велат од партијата, се способни посветено и одговорно да работат на остварување на принципите кои се во интерес на граѓаните и државата.

-Новото парламентарно мнозинство ќе обезбеди стабилна Влада која ќе движи брзо напред по европскиот пат, Влада посветена на економијата, правдата и борбата со Ковид-19. Влада која ги отвора преговорите за членство со Европската Унија и Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот, се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости