СДСМ: Во новата влада не смеат да седнат обвинети криминалци

by fokus 22:44
22:44

-Сите партии коишто имаат освоено пратеници во Парламентот, освен криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, не смеат да дозволат формирање Влада во којашто би учествувале лица обвинети за тешки кривични дела, кои ги уништиле животот и перспективите на граѓаните и на Република Македонија, порача Извршниот одбор на СДСМ по вечерашниот состанок.

Во соопштението испратено до јавноста се посочува дека Извршниот одбор на СДСМ уште еднаш оцени дека е постигнат огромен успех на парламентарните избори на 11 декември.

– Констатирано е дека ќе остане запаметено во политичката пракса, дека во Македонија е срушен режим без насилство, со пенкало и со глас. Ставот на Извршниот одбор на СДСМ е дека Македонија мора да добие Влада на граѓаните на Република Македонија којашто ќе почне со решавање на нивните реални проблеми, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Поврзани новости