СДСМ: Во Маврово- Ростуше од снегот нема основни услови за живот

by Фокус

Претставници на СДСМ, од комисиите за енергетика и од одбрана, како и претставници на опозицијата во Советот на општината Маврово Ростуше, целиот ден вчера, до полноќ, го миналe со жителите на Маврово Ростуше.

Rekanski kraj f3

Луѓето  од таму алармираат дека никој од надлежните државни институции, ниту пак од општинските власти, не дошол да ги посети по селата. Велат дека во едно од селата има заглавен човек, дека е јавено, но нема реакција. Други велат дека дошле од далеку, од гурбет, но не можат да се видат со блиските. Револтирано коментираат дека децата им се во студ, дека седум дена за празници биле во темно, дека храната им е расипана или мораат да ја чуваат во снег.

Rekanski kraj f5

 “Заборавени сме и отсечени, никој не дојде да не види, срамота!“ раскажуваа жителите со кои се сретнаа претседателот на Комисијата за одбрана на СДСМ, Максим Димитриевски, членот на Комисијата за енергетика на СДСМ, Атанаско Туневски, координаторот на советничката група на опозицијата во Советот на општина Маврово Ростуше, Алил Алилии други претставници на СДСМ, кои појдоја во Маврово Ростуше да видат како може да им се помогне на луѓето кои живеат во овој крај.

Поврзани новости