СДСМ: Во Ѓорче Петров има по 2 тешки кражби дневно

by Фокус 14:53
14:53

Во Извештајот за работата на полициската станица Ѓорче Петров, што Советот на општината го усвои пред три месеци без гласовите на советничката група на СДСМ, нерегуларно избраниот ВД командир самиот признава дека вкупниот број на тешки кражби за 2013 година изнесува 774! Тоа се просечно по 2 тешки кражби дневно, изјави денеска Снежана Ангелковска – Трајковска, координаторка на советничката група на СДСМ во оваа општина.

– Дали нефункционалноста на полициската станица во Ѓорче Петров, во заштитата на имотот на граѓаните и нивната безбедност ги остава тие правдата да ја преземат во свои раце? Дали полицијата во оваа општина, за време на протестите, ги пречекори своите овластувања кон граѓаните и медиумите? Дали 18 годишниот Ангел Петковски е жртва на нефункционирањето на правната држава и на институциите во Македонија, праша советничката од Ѓорче Петров.

- Advertising -

На пресот реагираше МВР од каде велат дека СДСМ повторно се ставила во одбрана на вандалското и насилничко однесување, неаргументирано напаѓајќи ги институциите и полициските службеници.

„Дилемата на СДСМ дали полицијата ги пречекорила овластувањата е неточна и има цел да продолжи да ги подгрева страстите и да предизвика недоверба и нови инциденти. Вистината е дека не само што немаше 50 повредени(како што известуваа некои портали блиски до партијата), филувајќи ја веста со неможност да им се понудела лекарска помош, туку немаше ниту 10 повредени жени и деца, како што подоцна се корегираа. Веќе следниот ден беше јасно дека нема ниту еден повреден и дека сите овие тврдења се фабрикувани во нечија канцеларија. СДСМ ќе мора своите лаги и манипулации да ги соочи со вистината дека ниту еден граѓанин не се пожалил на повреди, ниту упатил претставка за пречекорување на овластувањата“, стои во соопштението.

Поврзани новости