СДСМ: Во борбата против корупцијата ќе нема привилегирани

by Фокус

Борбата против корупцијата и владеењето на правото се врвни вредности и приоритети на СДСМ. Како што велат од партијата, институциите, локалните власти, но и граѓаните, имаат должност да се справуваат со предизвиците што ги создава корупцијата.

„Секој носител на јавна функција има одговорност кон граѓаните. Надлежните институции мора да го слушаат и почитуваат гласот на граѓаните и да практикуваат професионален и достоинствен однос кон нив. Оттаму, тие се должни да постапуваат и да го санкционираат секое коруптивно однесување, без разлика кој е сторителот и каков вид функција извршува“, стои во соопштението на СДСМ.

Социјалдемократите порачуваат дека Македонија мора да има нулта толеранција кон корупцијата и да има владеење на правото.

„Во борбата против корупцијата нема и не смее да има привилегирани поединци и групи. Секој кој преку корупција, за лични или партиски цели, работи спротивно на интересите на Република Македонија и нејзините граѓани, ќе мора да се соочи со одговорност“, се наведува во соопштението на владејачката партија.

Поврзани новости