СДСМ: Во Берлин Груевски доби порака да преговара со опозицијата

by Фокус 13:47
13:47

Во заклучоците од оваа прва конференција за Западен Балкан, што ја иницираше канцеларката Ангела Меркел, се нагласува и дека “мора да и се овозможи на опозицијата да ја одигра својата улога во Парламентот“. Со тоа, на Никола Груевски во Берлин лично му е испорачана пораката дека мора да седне на разговори со опозицијата, за решавање на политичката криза во Македонија, се вели во денешното соопштение на СДСМ:

„СДСМ оценува дека иницијативата на Германија со којашто се реафирмираше заедничкиот интерес сите земји од Западниот Балкан да станат дел од Европската Унија е многу корисна за Македонија и за целиот регион. Ја поздравуваме завршната декларација од средбата во Берлин, во којашто со право, од целиот регион, се очекува вистински напредок и демократска иднина, базирана на владеење на правото. Во неа конкретно се бара: слобода на медиумите, подобро владеење, независно судство, нулта толеранција за корупција, независни синдикати и економија ослободена од политички влијанија Сите заклучоци во декларацијата од Берлин упатуваат на проблемите во Македонија на коишто укажува опозицијата веќе подолго време.“, стои во денешната реакција на опозицијата.

Поврзани новости