СДСМ: Во 11 години владење ВМРО-ДПМНЕ остави 500.000 граѓани да живеат под прагот на сиромаштијата

by fokus

“ВМРО-ДПМНЕ имаше цели 11 години да работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните, но тие одлучија да ги осиромашуваат граѓаните за сметка на криминалното богатење на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, оставајќи 500.000 граѓани да живеат под прагот на сиромаштија, а над 180.000 граѓани да преживуваат со само 40 денари на ден.

Доколку навистина мислеше на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе работеше на целосна интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Но наместо тоа, раководството на ВМРО-ДПМНЕ, штитејќи ги сопствените криминални интереси и спротивно на државните интереси, работеше на изолација на Македонија, оддалечувајќи ја од демократскиот свет“, се вели во соопштението на СДСМ.

Во соопштението се додава дека преку отворен и конструктивн дијалог со опозицијата и граѓанското општество, Владата предводена од СДСМ посветено ќе работи на отворање на евро-атлантските перспективи.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина мисли на интересите на граѓаните, тогаш како конструктивна опозиција треба да се вгради во реформските процеси што ќе ги отворат евро-атлантските перспективи, ќе го зголемат животниот снатдард и ќе донесат правда и живот за сите граѓани“, се додава во соопштението.

Поврзани новости