СДСМ: ВМРО не поднесе ниту еден амандман за спорот со Макпетрол

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ го кочи процесот на гасификација, немаат поднесено ниту еден амандман за Законот за решавање на спорот со АД „Макпетрол“ а имаат илјадници за Деловникот за работа на Собранието, реагира СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ ниту имало ниту ќе има чувство за интересите на граѓаните и државата. Тие знаат само за личен, партиски интерес и затоа во Собрание кочат се што е на дневен ред. Со Законот за решавање на спорот помеѓу  Владата и АД „Макпетрол“ се надминува наследен проблем, настанат во друго време, се со цел да не се развие гасоводниот систем и да бидеме “заробеници” само на една гасна врска и монопол. Решаваме децениски спор со кој ќе се либерализира во потполност пазарот“, велат од СДСМ.

Од опозициската партија истакнуваат дека со препораки на Арбитража на Енергетска заедница на ЕУ, по пат на спогодба, се утврдува дека „Макпетрол“ својот дел од 32 милиони евра ќе ѝ го продаде на Владата.

„Со Законот се уредува решавањето на спорот, се решаваат несогласувањата помеѓу страните и тој води кон целосно окончување на постапките кои произлегле од ваквиот спор и дава можност за надминување на несогласувањата и завршување на сите започнати постапки. Во спротивно, спорот ќе заглавеше во судските лавиринти и ќе се кочеше гасификацијата, што можеби е и целта на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата“, истакнуваат социјалдемократите.

Поврзани новости