СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ секојдневно се обидува да врши притисок врз правосудните органи

by Fokus

Со празни прес-конференции пред просториите на правосудните органи ВМРО-ДПМНЕ во страв од соочување со одговорноста за се она што го правеа изминатите години, секојдневно се обидува да изврши притисок врз правосудството и да го попречува владеењето на правото, реагира СДСМ, на изјавата на Зоран Илиоски дека Судот не треба и не смее да подлегнува трикови и политички игри и дека СЈО е политичка институција и алатка во рацете на една партија, и така треба да се третира.

„Лицемерно и апсурдно е ВМРО-ДПМНЕ на една иста прес конференција прво да ги повикува судовите да не подлегнуваат под притисоци, а веќе во следната реченица да им кажува на судовите како да постапуваат по одредени предмети. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да разбере дека заврши времето кога можеше да врши притисок врз судиите“, велат од СДСМ.

Судовите, велат од таму, мора да одлучуваат независно, без никакви надворешни влијанија, а ВМРО-ДПМНЕ мора да ги остави судовите самостојно да работат и да одлучуваат.

Поврзани новости