СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што денеска грчкиот воен оркестар за првпат ја свиреше македонска химна

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што за првпат грчки оркестар на настан во Скопје ја свиреше македонската химна, велат од СДСМ.

„Секојдневно се потврдува дека македонската химна е признаена од целиот свет, дека државата и армијата се почитувани од соседите од целиот свет.

Дури и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска призна и потврди дека македонската химна, македонскиот јазик и македонскиот идентитет се трајно признаени и потврдени со Договорот од Преспа“, додава владејачката партија.

Поврзани новости