СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со нашите успешни политики

by fokus

Криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметено по огромните пропусти и пустошот што го направи во инфраструктурата, велат денеска од СДСМ.

-Токму неспсообноста на ВМРО-ДПМНЕ придонесе граѓаните да бидат оштетени за стотоици милиони евра, а пуштањето во употреба на автопатот Демир Капија – Смоквица беше одложувано двапати, прво во септември 2016 година, а потоа во мај 2017 година. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните политики на Владата предводена од СДСМ во инфратруктурата и затоа очајно шири лажни вести. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го направи за цели пет години, Владата предводена од СДСМ го стори за неколку месеци. Завршени се сите потребни процедури, надминати се сите пропусти и автопатот е пуштен во употреба, се вели во соопштението на владејачката партија.

Поврзани новости