СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири дека веќе не може да ги злоупотребува државните институции

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години масовно и насилнички ги партизираше и заробуваше институциите, не може да се помири со фактот што повеќе не може да ги злоупотребува државните институции за да врши политичко насилие врз неистомислениците, велат денеска од СДСМ.

-Заврши времето на институции под контрола на партијата и Никола Груевски. Инситуциите работат професионално, законски, во интерес на граѓаните и нивните потреби.Започнатиот процес на ослободување на партизираните и заробени институции од страна на ВМРО-ДПМНЕ обезбедува независни и професионални институции, за никогаш повеќе да не се повтори инстуциите да им служат на партиите, наместо на граѓаните како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ. По промените на локалните избори таквиот процес на ослободување ќе продолжи и на локално ниво по што ќе следува професионализација и на инстуциите во рамки на локалната власт“ се вели во реакцијата на СДСМ, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости