ВМРО-ДПМНЕ манипулира со граѓаните дури и за верски празник. Долговите се намалуваат, а ВМРО-ДПМНЕ свесно меша издавање на државни хартии од вредност и промени на девизните резерви, реагираат од владејачката партија СДСМ, по сооштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Станува збор за редовна пеакса за плаќање од единствената државна сметка на доспеани рати за кредити, камати и стари долгови направени токму од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Таков пример и со враќањето на кредитот од 2012 година од Дојче Банка тежок 77.3 милиони евра. Во периодот од 2008 до 2016 година ВМРО-ДПМНЕ долгот го зголеми од 1,8 милијарди евра на 4,7 милијарди евра што е огромно зголемување за три пати“, велат од таму.
Владата предводена од СДСМ, додаваат, работи на стабилизација на јавниот долг, на ефкасно управување со јавните финансии и во тој контекст долгот се намалува за прв пат после неколку години.
„Со домаќински и одговорен начин на управување со јавните финансии обезбедени се финансиски средства за покачувањето на минималната плата на 12.000 денари, вратени се 3.9 милијарди денари по основ на ДДВ кон фирмите и стопанството, обезбедени се средства за покачување на пензиите согласно трошоците за живот, за решавање на проблемот со стечајците, за нови мерки за вработување на младите“, посочуваат од СДСМ.