СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ли зборува за судиите од „тефтерчето“?

by Фокус

-ВМРО-ДПМНЕ ли денеска зборува за судството во Македонија? Вистината за Македонија покажа дека правосудниот систем во Македонија бил во рацете на познатата тројка, Груевски, Мијалков и Јанкуловска. Местеле судии и обвинители за сопствени потреби и цели. Тоа се судиите од тефтерчето, велат денеска од СДСМ.

Од опозициската партија велат дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ биле дел од проблемот на партизираното правосудство во Македонија.

-Фамилијарните инсталации на Груевски во судството, го рушат функционирањето на правдата и правната држава во Република Македонија. Преку срамни одлуки на Уставниот суд се прават обиди да се заштити дури и изборниот криминал што го спроведувале најблиските соработници на Никола Груевски. Злосторничко здружување на високи претставници на партијата на власт само за да задржат локална и централна власт е сериозно сомневање и затоа Груевски мора да се изјасни дали тоа е правено по негов налог, стои во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости