СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже за да го покрие молкот за донациите на Камчев

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лаги и измислици да ја манипулира јавноста, со цел да го прикрие молкот во врска со нелегалното финансирање на нивната изборна кампањаод страна на тајкунот Орце Камчев, се вели во соопштението на СДСМ.

-Ништо ново од опозициската партија, која е научена парите да не завршуваат во стопанството, туку единствено во белиот дворец за богатење на неколкумина од врвот на партијата. Јавноста го очекува одговорот на прашањето дали Орце Камчев, обвинет во предмети на СЈО, со неколку стотици илјади евра ја финансирал капмањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателски избори. Молкот продолжува и ВМРО-ДПМНЕ, прикривајќи ги своите криминал не престанува со конструирани случаи во врска со доделувањето на средствата на Фондот за иновации и технолошки развој на фирмата ПауерАд ИНТ, велат СДСМ.

Според нив во отсуство на идеи и мерки, единствeниот начин на делување на ВМРО-ДПМНЕ се лажните вести, измислиците и конструираните случаи преку кои во белиот дворец се обидуваат да ја замајуваат јавноста.

Поврзани новости