СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е политичка опција што промовира враќање назад

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ е политичка опција што промовира враќање назад, но, граѓаните избраа иднина и напредок, Македонија оди напред, реагираат од СДСМ на денешните обвинувања од Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Економска пропаст, неказнивост, партизирани институции, заробено судство и криминал и корупција од епски размери беа главните одлики на 11 годишното расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ.ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да дефинира политички начин за делување во интерес на граѓаните и се однесува како опција што промовира враќање назад, деструкција и поделби.Но, граѓаните избраа иднина, напредок, економски развој.Македонија тргна напред, економијата е стабилизирана, вратена е довербата во институциите идржавата.Последна потврда за тоа се и официјалните податоци според кои само во првиот квартал од 2018година во Македонија се влезени 235 милиони евра странски директни инвестиции. Тоа е повеќе отколку за цела 2017 година, и е најмногу споредено со првите тромесечја во последниве 12 години, се вели во соопштението.

Поврзани новости