СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е окупатор на студентското организирање

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ е окупатор на студентското организирање, а целата домашна и меѓународна јавност можеа да видат како нивни послушници спроведуваат студентски избори, реагираат од СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека власта ја загрозвува автономијата на студентското организирање.

-ВМРО-ДПМНЕ е окупатор на студентското организирање, а целата домашна и меѓународна јавност можеа да видат како нивни послушници спроведуваат студентски избори. Со партиски насилници и специјална полициска единица која ги нападна студентите кои се бореа против нелегитимни, фингирани и нелегални избори за студентски лидер. Доколку навистина ВМРО-ДПМНЕ се грижеше за автономијата на студентското организирање ќе го поддржеше предложениот модел на студентско организирање кој конечно става крај на партиската окупација во претставувањето на студентите. Универзитетските и факултетските студентски собранија како тела на Универзитетот се вметнуваат во системот на организирање на Универзитетите и како такви го гарантираат слободно организирање и избор на студентски претставници. Моќта извира и се наоѓа на факултетите каде студентите поминуваат најголем дел од времето и се среќаваат со најголем дел од проблемите, а самиот модел гарантира независно учество на студентите во сите нивоа на одлучување на Универзитетите. Со ова се става крај на анархијата и корупцијата во студентското организирање, нешто што во ниту една дефиниција не значи автономија на студентско организирање, се вели во реакцијата.

Поврзани новости