СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да собере сили да ги прифати и поздрави позитивните вести за Македонија

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ да собере сили да ги прифати позитивните вести за Македонија и да ги поздрави, препораката на ЕК е во интерес на државата и граѓаните, велат денеска од СДСМ.

-ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да собере сили да ги прифати и да ги поздрави позитивните вести за Македонија што следуваат по објавениот Извештај на Европската Комисија. Европската комисија ги препозна напорите на Владата предводена од СДСМ особено во делот на итните реформски приоритети, а Извештајот јасно нотира дека Македонија се враќа на европскиот пат и дека започнатиот реформски процес е отворен, транспарентен и во интерес на сите граѓани. За разлика од последните години на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога препораката за почеток на преговорите беше суспендирана и условена, а Македонија карактеризирана како „заробена држава“, овој пат препораката е чиста и безусловна, што значи дека Република Македонија го исполнува основниот политички критериум за членство во ЕУ што овозоможува почеток на преговорите за пристапување во членство во ЕУ, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости