СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да остави надлежните органи целосно да го расчистат случајот „Монструм“

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ како власт 11 години се изживуваше со граѓаните и нивните судбини, судството годржеше во заложништо и ја попречуваше правдата, а денеска како опозиција продолжува сониското ниво и злоупотребата на човечки трагедии, велат од владејачката СДСМ.

„За ВМРО-ДПМНЕ е несфатливо дека времето кога премиерот беше и судија, обвинител иистражител заврши со заминувањето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ од власт и затоа денесопозициската партија продолжува очајнички да манипулира и да си поигрува со чувствата награѓаните. За случајот „Монструм“ како и за останатите судски процеси, надлежни се единствено правосудните органи во Република Македонија. Сите материјали коишто СДСМ ги поседуваше, а кои произлегуваа од незаконското прислушување што со години го правеше минатата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се предадени на Специјалното јавно обвинителство“, велат од СДСМ.

Од владејачката партија го повикуваат ВМРО-ДПМНЕ наместо да се обидува да профитира од трагедии, да ги остави надлежните органи целосно и до крај да го расветлат овој случај и сите оние кои биле вмешани во него, да се соочат со одговорност согласно законите.

Поврзани новости