СДСМ: ВМРО-ДПМЕ ја злоупотреби лустрацијата за партиски и лични цели

by fokus

Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го блокира Предлог законот за поништување на лустрацијата е само уште еден доказ дека во оваа партија ништо не е променето, реагираат од владејачката СДСМ.

– Ова е најдобар доказ дека Груевски му е шеф на Мицковски и дека тоа е истото нереформирано, режимско ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотреби лустрацијата за политички, партиски, па дури и за лични цели. Тоа можевме да го слушнеме и во прислушуваните материјали, каде високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Милишоски, Јанкуловска, Груевски си нарачуваа лустрациски процеси по желба. Бруталната пресметка со неистомислениците и кршење на законот за лустрацијата, кои свесно ги спроведуваше ВМРО-ДПМНЕ и фамилијата се срамни и недозволиви и таа неправда мора да се исправи.Целта на овој Предлог- закон, кој ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе го блокира, е токму тоа.Со новото предложено решение, се пристапува кон отстранување на штетните последици по лицата кои беа жртви на овие постапки пред Комисијата за верификација на факти, пред надлежните судови и пред другите органи, и за оштетените лица од наведените акти и дејствија, се предвидува надоместок на штета, вели Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка на СДСМ.

Поврзани новости