СДСМ: Власта земала провизија од 25 милиони евра за автопатите во Македонија

by Фокус

Со четвртиот сет од снимките од 14-тата „бомба“ Заев тврди дека се слушаат договори за финансиски корупциски скандали.

На десетина снимки зборуваат Груевски и Јанакиевски и договарат како кинеска компанија да ги гради автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

Според снимките на СДСМ првично било во план две компании да се изберат, а на крајот се избира само една кинеска фирма за двата пата. Тие, според СДСМ, договарат и провизија која изнесува пет отсто, а тоа значи некаде околу 25 милиони евра.

Груевски на снимките признава дека доцни цело време на состаноци оти ова со кинезите му е важно и мора да се заврши. На крајот, наместо тендер, иако сумата е огромна, Собранието го потврдува договорот за автопатите, кој не сакал да го потпипе ниту еден министер, оти знаеле дека е криминален. Износот е 206 милиони евра за Миладиновци- Штип и 373 за Кичево – Охрид.

Според Заев ако се следат разговорите тоа значи дека провизијата била пет отсто или 25 милиони евра.

 

Поврзани новости