СДСМ: Власта легализира дивоградби на атрактивни локации

by Фокус

Во обид да приграби се што може на крајот од мандатот, владејачкото мнозинство експресно изгласа можност за легализација на дивоградби што се изградени во крајбрежни заштитени подрачја, покрај природни и вештачки езера, речни корита, реагира опозицискиот СДСМ.

– За полесна легализација, со спорните измени е предвидено да се прескокнат локалните самоуправи и Министеството за животна средина. Ова ќе предизвика големи штети врз природните богатства, но ќе се создаде и урбанистички хаос од којшто за интересите на поединци ќе страдаат голем број граѓани. Објектите ќе бидат легализирани и ќе бидат запишани во имотните листови со право на сопственост, но нема да бидат вклопени во планската документација и за нив нема да биде формирана градежна парцела – изјави Благој Бочварски, претседател на Комисија за транспорт и врски и член на Извршниот одбор на СДСМ.

Поврзани новости