СДСМ: Власта да објасни каде одат по 2 милиони евра на ден

by fokus

Социјалдемократскиот сојуз бара објаснување од Министерството за финансии за вртоглавото зголемување на јавниот долг на државата.

-Само во последните 9 месеци јавниот долг е зголемен над пола милијарда евра или 532 милиони евра! Вкупниот јавен долг, вчера достигна историски 4 милијарди и 760 милиони евра. Никола Груевски лично 10 години беше премиер, а од партискиот замок тежок до 30 милиони евра продолжува да ги задолжува граѓаните преку неговиот извршител Кирил Миноски во Министерството за финансии. И Миноски уште се обидува да го правда Груевски? – реагираат од СДСМ.

Од партијата порачаа дека и министерот Миноски и сите кои учествувале во неконтролираните задолжувања на граѓаните ќе бидат преиспитани за злоупотребите на пари на граѓаните и ќе има одговорност.

Поврзани новости