СДСМ: Владата не прави компромиси со криминалот, оној којшто го прекршил законот мора да сноси одговорност

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ деновиве се нервозни бидејќи целосно потфрлија во обидот да го скријат фактот дека токму нивниот Христијан Мицкоски направи неуспешен обид да саботира комплицирана полициска акција „Двојник“ преку јавно откривање на информации во тек на активна истрага. И самиот Мицкоски знае дека свесно загрозувал полициска акција, затоа шири измислици во очаен обид да се испере за последниот негов скандал, се вели во соопштението на СДСМ.

-Благодарение на брзината и координираноста на полицијата намерата на Мицкоски да ги спаси криминалците беше осуетена.

Ако Мицкоски, единствениот на браникот на криминалот по сопствено признание, навистина бил загрижен за владеење на законите и државата, како што вели, сите докази за акцијата „Двојник“ ќе ги доставел до надлежните инситуции, но тој застана на страната на криминалците, јавно објавувајќи информации со цел да ја саботира акцијата на полицијата.

Ваквиот негов потег, неговото опасно загрозување на полициска истрага повлекува и истрага за утврдување на одговорност.

И тоа Мицкоски го знае, затоа измислува непостоечки случаи, затоа шири измислици, во очаен обид да се испере од овој негов скандал.

Граѓаните, јавноста, очекуваат одговори.

Зошто шефот на ВМРО-ДПМНЕ стоел во одбрана на криминалци и има ли некакви должничко доверителски односи кон нив за да морал да саботира сложена полициска операција?

На ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицскоски треба конечно да им стане јасно Владата предводена од СДСМ не прави компромиси со криминалот, оној којшто го прекршил законот мора да сноси одговорност, велат СДСМ во партиското соопштение.

Поврзани новости