СДСМ: Владата ќе ја крпи дупката од 374 милиони евра во пензискиот фонд

by Фокус

Со ребалансот на буџетот Владата префрла нови 9.5 милиони евра на пензискиот фонд, а тоа значи дека за цела 2014, ПИОМ од Владата ќе добие неверојатни 374 милиони евра, изјави денеска пратеникот на СДСМ, Марјанчо Николовски.

– Ова е ребаланс за нови долгови на граѓаните и на економски парадокси на политиките на оваа власт. Додека Владата, од една страна, се фали дека на дел од граѓаните простува долгови, од друга страна за да го покрие дефицитот, ги задолжува сите граѓани. Новата буџетска дупка што ќе ја покрива власта на Груевски со парите на граѓаните е 22 милиони евра! Ако се земе предвид вкупниот дефицит за цела 2014 година, оваа Влада ќе ги задолжи сите граѓани на Македонија за 320 милиони евра – додаде Николов.

Тој потсетува дека од една страна се тврди дека невработеноста се намалила за 4.5 отсто на годишна основа, а бројот на вработени се зголемил за 2.6 проценти во однос на првиот квартал лани.

– Но, ставката приходи од придонеси во ребаланот е прикажана како намалена за 7.3 милиони евра – се сомнeва пратеникот.

Поврзани новости