СДСМ: Владата да го покаже договорот за соработка со Кембриџ

by Фокус 15:25
15:25

До Комисијата за образование и наука на СДСМ пристигнале голем број поплаки од родители кои не успеваат да им помогнат на своите деца, а кои учат по учебници од Кембриџ, велат од СДСМ. Оттаму информираат дека поплаки имало и од наставници кои предаваат по учебниците, бидејќи не можеле на децата од 3 одделение да им објаснат материја што не ја учеле претходните 2 години.

-Додека родителите, децата и наставниците не можат глава да кренат од почетокот на учебната година, од стресот што им го подготви власта, стигна најава од заменик министерот Ристовски, дека истото ова следната година ги чека децата од 4 до 9 одделение, истакна на прес конференција Сашо Тодоровски, член на комисијата за образование и наука на СДСМ.

Тој додаде дека Министерството за образование потрошило 12 милиони евра народни пари за учебници според наставните програми на Кембриџ, иако тие се сомневаат дека навистина се изготвиле наставни програми по овие учебници.
-Овде сме, во интерес на јавноста, да дознаеме од министерот Адеми и заменик министерот Ристовски кој и што преземал во врска со т.н Кембриџ проект. Бараме јавно да биде објавен Договорот за соработка со Кембриџ, да биде објавено што Министерството за образование купило за 12 милиони евра и јавно да биде објавен Извештајот од Комисијата при Министерството за образование што ја одобрила Програмата, истакна Тодоровски.

- Advertising -

Поврзани новости