СДСМ: Вистината за Македонија одекна и во Брисел

by Фокус

-Она што е добро е што вистината за Македонија одекна и во Брисел. Високи претставници и членови на Владата ја злоупотребиле својата моќ во сите сфери, судство, медиуми, изборниот процес, регулаторните тела. Има селективна правда, широко распространета корупција, закани врз новинари, сериозна загриженост за уредувачката политика на МРТ. Затоа реализацијата од Договорот во Пржино повеќе не е очекување само на граѓаните туку услов ЕК да ја задржи препораката, рече потпретседателката Радмила Шеќеринска за Извештајот за напредокот на Македонија кој Евроската комисија го објави денеска.

Таа смета дека Брисел порачал дека сака Македонија со европски вредности, а ВМРО-ДПМНЕ не сака таква Македонија. Како што рече Шеќеринска, СДСМ продолжувала да работи за нормализација на државата заедно со граѓаните.

-Изборите ќе бидат еден од сериозните тестови дали се она што е сменето во зкаоните се имплементира во дело, затоа што и овој извештај потврдува дека проблемот во Македонија не е во пишаниот збор, туку проблемот е што многу закони и договори станаа тоалетна хартија. Тоа ЕК порачува не смее да се случи со договорот од Пржино и затоа власта ќе бега од него ама нема да може да избега, рече Шеќеринска.

 

Поврзани новости