СДСМ ветува сто пати поголема помош за домашните компании

by fokus

За 100 пати од сега ќе ја зголемиме државната помош за домашните мали и средни претпријатија, велат денеска од СДСМ.

-Ќе им овозможиме на домашните претпријатија да се развиваат, затоа што тие така ќе отвораат пристојни работни места и ќе исплаќаат повисоки плати на вработените.
Досега секоја фирма добиваше само по 2 евра државна помош годишно, бидејки за малите и средни претпријатија државата одвојуваше само 200.000 евра. Ние уште во првата година од мандатот ќе ја зголемиме државната помош за домашните фирми на 20 милиони евра. Вкупната државна помош што ја планираме за домашните фирми за целиот мандат изнесува 140 милиони евра. Нашата цел е да ги мотивираме фирмите да вработуваат и да даваат повисоки плати.
Затоа ќе ги поддржиме фирмите со по 108.000 денари за вработување невработено лице до 50 години, со услов да добива бруто просечна плата. По 162.000 денари ќе добиваат фирмите за вработување лице од ранливите граѓани, ако добива бруто просечна плата. По 72.000 денари ако вработат лице од администрацијата и му исплаќаат бруто просечна плата, се вели во соопштението од СДСМ.

Поврзани новости