СДСМ ветува 0,7 осто од Буџетот за МРТ

by fokus

СДСМ денеска потсети на изборното ветување дека ќе ја укине радиодифузната такса и дека МРТ ќе се финансира од државниот Буџет.

-Исто така тоа ќе ги ослободи граѓаните од притисокот што сега го имаат, им тропаат извршители на врата, не можат да земат плата – поради блокирани сметки за радиодифузна такса. Македонската телевизија ќе се финансира од државата од Буџетот и од други средства, од приходи на кабелските оператори и од приходи остварени со продажбата на програма произведена во МРТ. Од Буџетот на Република Македонија ќе се одвојува помеѓу 0.5% и 0.7% за националниот сервис МРТ. Нема да има комерцијални реклами на Македонската телевизија, освен за откупените програми каде што е задолжително рекламирање на спонзорите, стои во соопштението на СДСМ.

Од партијата објаснуваат дека МРТ исто така ќе продуцира програма со користење на сопствените технички и кадровски потенцијали за свои потреби или ќе ја продава на останатите комерцијални радиодифузери.

Поврзани новости