СДСМ вели дека амнестијата нема да биде само за пратениците, ама морало да се направи дистинкција меѓу нарачатели, организатори и извршители

by fokus

За кои учесници во настаните во Собранието на 27 април ќе важи законот за амнестија составен од подгрупата за помирување?

Според најавите, нацрт-текстот предвидува дека насилниците, нарачателите и организаторите на насилството нема да бидат опфатени со амнестијата.

Дали, всушност, законот се крои за да бидат амнестирани само пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени? Од СДСМ негираат, објавува телевизија Алсат М.

Апсолутно не го стеснуваме кругот. Нашиот став како СДСМ е дека треба да се направи јасна дистинкција помеѓу она што значи нарачатели, она што значи организатори и она што значи извршители“, рече Костадин Костадинов – порпарол на СДСМ.

Но, Костадинов не кажа како и во која група би биле сместени пратениците кои ги отворија вратите на Собранието – чин по кој се случи крвавото насилство.

Секако оставаме на телото за помирување да излезе со јасни насоки како ќе се направи таа дистинкција. Мора да внимаваме на таа тенка линија за на ниту еден начин не извршиме упад во одлуките на правосудните органи“, додава Костадинов.

Поврзани новости