СДСМ: Вељаноски ја разобличи намерата на ВМРО-ДПМНЕ да избега од избори

by fokus

По соопштенито  на собранискиот спикер Трајко Вељановски, кој најави дека распуштањето  на Собранието ќе се најде на дневен ред на собраниска седница дури во понеделник, реагиираа од СДСМ.

-СДСМ денеска достави кристално јасна иницијатива за распуштање на Собранието на Р.Македонија веднаш.Токму Трајко Вељаноски, со едно соопштение, ја разобличи провидната намера на ВМРО-ДПМНЕ да го избегне распуштањето на Собранието и да избега од избори на 11 декември. Пратеничката група на СДСМ и коалиционите партнери ќе присуствуваат и ќе гласаат за распуштање на Собранието денеска во термин во којшто претседателот на Собранието ќе ја закаже седницата – стои во партиското соопштение.

Поврзани новости